Никол Кидман го изигнорира Рами Малек при доделување на Златниот глобус

Рами Малек доби Златен глобус за филмот Bohemian Rhapsody, а наградата му ја додели актерката Никол Кидман.

Некој успеал да го сними непријатниот момент, во кој се гледа како Никол Кидман го игнорира Малек.

После прогласувањето на најдобар филм, продуцентите од филмот останале на бината за кратко да поразговараат со актерката, а во разговорот се обидел да се вклучи и Рами.

Сепак, Никол му го завртела грбот, а Рами потоа само ја допрел со раката по грбот и сите заедно ја напуштиле сцената.