Невестинскиот стајлинг на Меган Маркл

Невестинскиот стајлинг на Меган Маркл

Убавата невеста носеше едноставна венчаница со чисти линии дизајнирана од Клер Вејт Келер, која од неодамна е на чело на модната куќа Живанши.

„Г-ѓа Маркл и г-ѓа Вејт Келер имаа блиска соработка за дизајнот. Фустанот ја отсликува безвременската минимална елеганција која упатува до кодовите на иконската Куќа Живанши и ја прикажува експертската изработка на светски реномираното париско ателје за висока мода основано во 1952 година“ – стои во соопштението од палатата.

Велот беше фиксиран на главата на Меган со блескава тијара. Дијамантскиот моден додаток ѝ е позајмен на Меган од кралицата Елизабета Втора. Станува збор за филигран тијара изработена во 1932 година.

Малите обетки се од луксузната компанија за накит Cartier.

Новата сопруга на принцот Хари доби и многу комплименти за природната шминка. Очекувано беше Меган да носи малку шминка која нема да ги прекрива нејзините пеги. „Отсекогаш сум ги обожавала моите пеги“ – изјави Меган минатата година кога сними фотосесија за „Vanity Fair“ и искажа огромна возбуда што соработуваше со фотограф кој не ги избриша пегите од нејзиното лице.

И белите чевли се дело на Живанши.

Свадбата на Меган и Хари