Неверојатно убава и во 90-те години

Неверојатно убава и во 90-те години

Софија Вергара сподели жешка топлес фотографија од 90-те години и своите фанови ги оставила без здив.

Ѕвездата на “Модерно семејство” сподели фотографија од Мајами и за само 8 часа собра речиси 300.000 лајкови, а комплиментите за нејзиниот изглед не престануваа.

Тоа не е првпат прекрасната 46 годишна Колумбијка да објавува стари фотографии на социјалните мрежи. Кон крајот на минатата година објави фотографија во минијатурно бикини, каде во преден план е нејзиниот задник.

Во јули, на Светскиот ден на бикинито со своите фанови сподели уште една фотографија од минатото во бикини.

Пред две години сподели фотографија од 80-те години од насловна страница на еден магазин, а под фотографијата даде до знаење дека фотографијата настанала во Бранкиља, град во северна Колумбија во кој таа пораснала.