Неверојатна трансформација на Мараја Кери

Неверојатна трансформација на Мараја Кери

Мараја Кери за промоцијата на новиот музички албум насловен Caution изгледа неверојатно добро!

48-годишната пејачка по породувањето со близнаците наталожила дури 30 килограми повеќе, кои полека ги „симнувала“ во периодот од последните две години, за на почетокот на 2018 година да и останат за слабеење уште 15 килограми. Овие 15 килограми, Кери одлучила да ги „стопи“ за три месеци, и успеала во тоа.

Како Кери ослабнала 15 килограми за три месеци? Прво, со воведување на диета која ги ограничува калориите на 1.500 дневно. Оброците биле мали и пет пати во денот. Второ, одлучила да вежба со персоналниот тренер Џени Греиг бидејќи увидела дека со ваква тежина не може „да мрдне“. Вежбала кардио вежби и танц три пати во неделата. Сепак, таа признава дека вежбите биле одлични за затегнување на телото, а дека 90 отсто од „работата“ ја завршила диетата. Трето, секојдневно шетала по час и половина со кучето, и тоа во вечерните часови. Четврто, направила тајна (како што самата вели) пластична интервенција, односно липосукција на критичните места.

Резултатот е неверојатен.

View this post on Instagram

#CAUTION

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) on