Неверојатна сезона на повидок во НБА, Вестбрук трејдуван во Хјустон

Неверојатна сезона на повидок во НБА, Вестбрук трејдуван во Хјустон

Оклахома и Хјустон направија трејд по кој Расел Вестбрук е испратен во Тандер во замена за Крис Пол и пикови во првата рунда од драфтот во 2024 и 2026 година.

Интерес за 30-годишниот плејмејкер покажа и Мајами Хит, но понудата од оваа франшиза не им се допаднала на челниците на Оклахома.

Наводно, одлучила желбата на Вестбрук повторно да игра со Харден кој три години му беше соиграч во досегашниот тим. Од друга страна Хјустон сакал да се ослободи од ветеранот Крис Пол и да го донесе четири години помладиот играч на истата позиција.

Со ова официјално завршува една ера во историјата на Оклахома Сити Тандер која траеше откако франшизата се пресели од Сиетл во 2008 година. Во 2012 овој тим играше финале во НБА лигата и загуби од Мајами, но истото лето почна распродажбата на најдобрите кошаркари.