Несторовски повторно во Серија А?!

Несторовски повторно во Серија А?!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски очигледно ќе се врати во Серија А откако уште еден клуб од најелитното друштво во Италија пројави интерес за неговите услуги.

По Аталанта и Болоња, сега за Илија Несторовски се распрашуваат од таборот на Удинезе кој е редовен член на Серија А.

Наводно веќе се започнати преговори меѓу двете страни, за кои италијанските медиуми објавуваат дека нема да бидат лесни од причина што Палермо за Несторовски бара најмалку шест милиони евра, додека од Удинезе не се подготвени да ја платат таа сума.

Што ќе се случи и каде ќе продолжи нашиот голгетер ќе дознаеме многу скоро.