Нешто задолжително за оваа пролет, лековита супа од коприва!

Нешто задолжително за оваа пролет, лековита супа од коприва!

Копривата цвета од пролет до есен и е одличен додаток за тестенини и рижото, но најпопуларна е во вид на супа.

Во каков и облик да ја припремате, копривата не е потребно да се готви бидејќи доволно е само да ја издинстате 2-3 минути. Со тоа максимално ќе се зачуваат нејзините хранливи и лековити својства, а бројни се причините зошто е добро да го консумирате ова растение.

Ќе наброиме само дел од нив: го подобрува системот за варење, го детоксицира организмот, ги чисти крвните садови и бубрезите, позитивно делува на панкреасот, помага во намалување на шеќерот во крвта, ги лечи воспаленијата на уринарниот тракт и ја стимулира работата на цревата бидејќи делува како диуретик. Копривата содржи витамин А и Ц, како и калциум, калиум, железо, фосфор и други витамини и минерали.

Чајот од коприва се користи во лекување на болестите на црниот дроб и жолчката, го подобрува сонот и ги намалува грчевите во стомакот.

Без оглед на лековитите својства, копривата не се консумира свежа бидејќи може да предизвика проблеми со дигестијата и црвенило на кожата.

Во продолжение, ви претставуваме рецепт за одлична супа од коприва која е едноставна за припрема:

Потребни состојки за четири лица:

• 300 гр. коприва

• 5 компири со средна големина

• неколку капки маслиново масло

• сол и бибер

Начин на припрема:

1. Исечете ги компирите на коцки и ставете ги да се варат.

2. Пред крајот на готвењето, додадете ја копривата.

3. Додадете маслиново масло и изблендирајте.

4. Зачинете по желба.

Совет плус: По желба послужете со препечен леб, а можете да додадете и павлака.