Непрепознатлив лик за новиот филм “Fonzo”

Непрепознатлив лик за новиот филм “Fonzo”

Том Харди е комплетно посветен во улогата на Ал Капоне на снимањето на филмот “Fonzo” кој е во тек, а според фотографиите кои излегуваат на социјалните мрежи, глумецот морал и драстично да се промени.

Иако неодамна се појавија фотографии од снимањето, оние кои денес се објавени и тоа како ги изненадија корисниците на социјалните мрежи. На нив Харди е навистина непрепознатлив.

Сосема ќелав, во шорцеви и без маица, со многубројните тетоважи беше уловен за време на снимањето.

Том Харди ќе го глуми Ал Капоне во филмот “Fonzo” кој го режира Џош Тренк. Во улогата на Ал Капоне до сега се нашле Род Стајгер, Роберт де Ниро и Бен Ганзара.

“Тоа не е класичен Ал Капоне. Не сакам да откривам, но дефинитивно станува збор за трансформација кога зборуваме за улогата”, рекол Харди во едно интервју.

Филмот ќе се фокусира на последните години од животот на Ал Капоне, откако боледувал од деменција и кога бил во затвор. За неговото минато ќе биде раскажана приказната со многу вознемирувачки спомени.

Still chasing ♠️💯🔥❤️🌠🌠🌠🌠😇😇😇😇

A post shared by Tom Hardy (@tomhardy) on