Неоткриени интриги за бракот на принцезата Дајана и принцот Чарлс

Неоткриени интриги за бракот на принцезата Дајана и принцот Чарлс

После толку години сеуште е актуелна интригата на овој кралски брак. Имено принцезата Дајана, не е единствената која што се чувствувала заробено во бракот со британскиот престолонаследник. Тајните писма, кои принцот Чарлс ги пишувал до својата пријателка Ненси Реган, откриваат дека и тој воопшто не бил среќен во оваа брачна заедница.

-Нашиот брак е своевидна грчка трагедија, пишува принцот во едно од своите писма до Ненси испратено на 21-ви јуни 1992-ра година.

-Никој не може да разбере што значи тоа додека не му се случи. Еден ден ќе ти ја раскажам целата приказна, раскажува Чарлс.

Неодамна беше објавен нов документарен филм за принцезата „Последните 100 денови на Дајана“, во кој беа откриени нови детали околу нејзиниот живот, меѓу кои и дека имала повеќе љубовници, отколку што претходно се претпоставуваше.