Неопходни и најважни хранливи материи!

Неопходни и најважни хранливи материи!

Тоа се оние што организмот не може да ги синтетизира од други хемиски соединенија. Тие се внесуваат однадвор.

Есенцијални  аминокиселини

Тие се дел на протеините, било да се од животинско или растително потекло. Организмот може да создаде некои аминокиселини, но есенцијалните аминокиселини се незаменливи.

Есенцијални масни киселини

Тоа се масни киселини, полинезаситени (линолеинската и линоленската), кои се наоѓаат во растителните масла од маслодајните семиња и во сувите- јаткастите плодови (орев, лешник, бадем). Нив мораме редовно да ги внесуваме во текот на целиот наш живот. Тие поинаку се викаат “ витамин F” ( од англискиот збор “ fat” – масти), иако не се витамин во полна смисла на зборот. Линолеинската и линоленинската киселина се наоѓаат во никулците на житариците (пченица, пченка, овес..) и во јаткастите плодови (ораси, лешник, бадем..). Тие киселини се застапени и ви некои прехрамбени продукти од животинско потекло, но десет пати помалку, и секогаш се придружувани со заситени масни киселини, штетни за здравјето.

Недостигот од есенцијални масни киселини предизвикува побавен раст, сушење на кожата, дерматози, нервни и генитални нарушувања.

Се смета дека полизаситените масни киселини треба да бидат застапени со 3 % до 7% во вкупните калории што се внесуваат во организмот, така што за просечен режим на исхрана од 2000 калории, овие масни киселини треба да бидат застапени со 7 до 16 грама дневно, од кои барем 6 грама линолеинска киселина.Вегетаријанскиот режим на исхрана може во целост да ги задоволи тие потреби. На пример, доволно би било секој ден да се изедат 60 грама бадеми. Кравјото млеко содржи малку линолеинска киселина. Затоа на децата им се препорачува употреба на растително масло од маслодајни семиња богато со есенцијални масни киселини.

essent

Витамини и минерали

Витамините потекнуваат од растенијата, габичките или бактериите. Во некои случаи животните можат да ги трансформираат и да ги складираат. Тоа се случува, на пример, со витамините А и D. Билките ги произведуваат во вид на провитамини, а во црниот дроб на рибите и цицачите се наоѓаат во вид на витамини. Сепак, билките се основен извор на витамините. Н апример, месото содржи многу малку витамин C.

Исхраната, чијашто основа се овошјето, житарците и зеленчукот, ги обезбедува сите неопходни витамини подобро отколку месото. Во вегетаријанскиот режим на исхрана три витамини – A, D И B12- имаат посебно важна улога. Се сметало дека нив можеме да ги најдеме само во прехрамбените продукти од животинско потекло.

Woman touching her face

Вода

Се наоѓа во сите прехрамбени продукти, но во недоволни количества за да се задоволат дневните потреби на организмот. Затоа е неопходно да се пие вода од 6 до 8 чаши вода дневно, а во потоплите месеци и повеќе.

Растителни влакна

Тие се наоѓаат само во прехрамбените продукти од растително потекло. Најмногу ги има во интегралните житарици, во овошјето, во зеленчукот и во мешункарите(боранија, грав, леќа, соја). Иако сами по себе не се храна бидејќи нив организмот не може да ги асимилира, сепак, тие се неопходни за добро и нормално функционирање на организмот.

Fibre-rich foods. All these foods are high in insoluble fibre, the portion of plant foods that cannot be digested by the body. Insoluble fibre absorbs water, thereby helping the passage of other foods and waste products through the gut.