Нејмар доживеа уште една тешка повреда

Нејмар доживеа уште една тешка повреда

Бразилската супер ѕвезда Нејмар доживеа голема повреда на пријателскиот натпревар синоќа против селекцијата на Катар, а повредата доаѓа во најнезгоден момент, пред Копа Америка следната недела.

Фудбалерот на ПСЖ го повреди зглобот, или лигаментите во таа регија, па нема да биде во составот за натпреварите на Копа Америка за неговата земја, што е огромна загуба за кариоките.

Бразил ќе биде домаќин на Копа Америка, а тие плус тоа се и фаворити. Бразил ова натпреварување го нема освоено цели 10 години, па отсуството на Нејмар може исто така да ги поремети шансите и плановите на Бразил за освојување на ова натпреварување.

Првиот меч го играат на 14 јуни против Боливија.