„Небо“ – нов контаверзен спот од Сара Мејс

Сара Мејс непосредно пред својата свадба неуморно работеше и на еден провокативен начин ги скрши границите на конвенционалното со спотот за новата песна „Небо“.

Видеото претставува екстатична изложба на нешто што е ново и свежо во македонската музика.-Музиката е искра на мојот емоционален и интелектуален развој. Таа секојдневно ме поттикнува да размислувам динамично и да ја развивам мојата креативност. Во неа има безброј можности, безброј комбинации на стихови, звуци, ноти и стилови. Постои цел свет на музика кој само чека да биде испишан и креиран. Оваа моќ која ми ја дава музиката е всушност тоа што енергетски ме надополнува и ме мотивира да создавам, вели Мејс.

Музиката на „Небо“ е на Сара Мејс, Иван Петровски и Неврус Бајрам, текстот е на Сара, аранжманот на Иван и Неврус, додека пак миксот и мастерот е на Горан Гешовски.

Видеозаписот е снимен во Македонски народен театар, со целосна режија и организација на Александар Ристовски Принц и со кореографија на Јана Петровска. За стајлингот и шминката беа задолжени модното студио ФРАН, Hair House, Signori и Dioptra Couture.

Ова е првиот сингл од проектот „Floating through space with Sarah Mace“, кој ќе биде претставен пред македонската публика со голема концертна промоција на 26-ти септември, на платото на Плоштад Мајка Тереза.