Не ви се тренира ? 8 стратегии за поголема мотивација!

Не ви се тренира ? 8 стратегии за поголема мотивација!

1. РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ ПОСТАВЕНИТЕ ЦЕЛИ

Честа грешка која може да биде забележана кај почетниците е тоа што си поставуваат многу високи цели. Не очекувајте дека ќе можете на почетокот да тренирате секој ден по 1 час (иако тоа не ни е потребно). Започнете со пореални цели како што е тренирање 2-3 пати неделно по сесии кои траат не повеќе од 30-40 минути. Исто така, не се залажувајте дека чуда може да се случат за неколку недели. Се е до вашата волја и дисциплина. Старите велат – “убавите работи се случуваат бавно” и тоа е вистина. Ако сакате да намалите 30 или повеќе килограми, поставете си цел да ги намалите тие килограми за 6-7 месеци (тоа во просек би било 4-5 килограми месечно). На тој начин, секој пакет кога ќе намалите 5 килограми, ќе имате добиено една мала битка и ќе бидете мотивирани за понатаму!

2. СЛЕДЕТЕ СИ ГО ПРОГРЕСОТ

Предвремено подготвувајте си ги вашите тренинзи во word или excel документ, каде што и ќе си ги запишувате резултатите од секој завршен тренинг. На тој начин може да пратите дали сте на вистински пат или не. Како и да е, порано или покасно, кога ќе ги видите првите резултати вашата мотивација значително ќе се зголеми!

 

3. НЕ СЕ ОБВИНУВАЈТЕ 

Ќе го повториме повторно – мораме да бидеме реални пред себе! Како и за се друго, ќе има денови кога едноставно не ни се тренира. Ако го прифатите ова како нормално и си простите себеси, ќе бидете многу подобро ментално спремни да се соочувате со таков тип на ситуации. Еден грешен чекор не значи неуспех! Подобро е два чекора напред и еден назад одколку ништо да не правите!

4. НЕ СЕ СПОРЕДУВАЈТЕ/НАТПРЕВАРУВАЈТЕ СО ДРУГИ

Независно колку напорно тренирате или колку сте дисциплинирани со вашата исхрана, секогаш ќе има некој кој ќе биде подобар, посилен и подобро што изгледа од вас. Никогаш не се натпреварувајте со оние околу вас.  Самиот таков патерн на размислување е негативен и завршува секогаш со исти резултати – ќе се чувствувате искомплексирано, депресивно и несреќно. Наместо, фокусирајте се на вашиот пат и вашите цели. Поминете го вашето време тренирајќи за вас и ваша лична трансформација, а не за споредување со други.

 

5. НАЈДЕТЕ ПОДДРШКА

Потпрете се на вашето опркужување – семејство, колеги, пријатели – луѓе кои ќе ве охрабруваат да се движите напред. Ако во одредена точка доживувате константни негативни критики околу она што вие го правите, дистанцирајте се од таквиот тип на негатива која може да ви го одземе фокусот.

 

6. НАЈДЕТЕ ОНА ШТО Е ЗАБАВНО ЗА ВАС

Некогаш е тешко самите да се мотивираме, особено во оние работи кои не сакаме да ги правиме. На крајот на денот, не секој сака и треба да вежба во теретана. Можеби вие преферирате да пешачите во природа, да возите велосипед. Нема ништо погрешно во ова. Најдете спорт или активност која највеќе ви одговара и ви се допаѓа. На овој начин, со сигурност мотивацијата ќе ви се врати.

7. РАЗГОВАРАЈТЕ СО СЕБЕСИ

Некогаш неколку минути на само со себе можат да направат чуда. Не мислете на тоа уште колку имате до вашата цел туку до каде сте стигнале, и од каде сте почнале. Присетете се низ што се сте поминале и истрпеле за да стигнете до таму каде што се сега!

8. ПРОСЛАВЕТЕ ГО ВАШИОТ УСПЕХ

Ако вашата недела била успешна, наградете се. Нема подобра мотивација од тоа кога сте наградени за вашиот успех! Овде не се мисли на скапи поклони – нешто кое вас ве прави среќни – вечера, масажа, омилена храна. Заслужувате!