Не треба да вежбате кога сте мамурни, ова се причините

Не треба да вежбате кога сте мамурни, ова се причините

Голем број луѓе мислат дека тренингот е ефикасен начин да се излечи мамурлакот, но постојат аргументи кои го тврдат токму спротивното.

Основниот проблем на организмот, по ноќ помината со голема количина алкохол е дехидрираноста.

„За жал, концептот „потење токсини“ физиолошки не се допаѓа. Најголем проблем на организмот во состојба на мамрулак е дехидрираност, па обидов за потење никако не помага, туку може да доведе до уште поголема дехидрација“, вели Ијан Стриц, тренер од Лондон за британски Индепендент.

Освен тоа, вежбањето станува уште потешко подносливо, а организмот многу повеќе се заморува, а тоа може да доведе до силни болки и мачнини кои доаѓаат со мамурлакот.

Стриц исто така вели дека алкохолот ја намалува брзината со која се синтетираат протеините, што го отежнува правењето на мускулни ткива. Тоа значи дека самото вежбање ќе биде помалку ефикасно.

Ако чувствувате тежок мамурлак, со вртоглавица, главоболка и повраќање, терминот во теретана би требало да биде последна работа која ќе ви падне на памет.