Не го губете времето седејќи на телефон. Како? Еве три совети

Не го губете времето седејќи на телефон. Како? Еве три совети

Повеќето луѓе се зависници од телефоните, а најголемата причина за тоа е пред се поради тоа што тие нудат големи можности од кои дел ни се неопходни. Сепак, зависноста од мобилен телефон е нешто кое што не е баш добро.

Еве ви 3 совети за тоа како да се ослободите од робството кон телефонот

Не го носите телефонот во спалната соба

Иако сите ги користиме телефоните како будилници, па тие се првата работа која ја гледаме кога ќе станеме. Според истражувањата кои се направени, ако го користите телефонот 30 минути пред спиење, може да имате проблем со сонот.

Контролирајте ги нотификациите

Не дозволувајте телефонот да ве контролира, контролирајте го вие него. Исклучете ги барем на еден час, оние нотификации кои не ви се потребни.

Ограничете го времето кое го поминувате на телефон 

Новите паметни телефони нудат можност да го мерат времето кое сте го поминале на телефонот и кои апликации најмногу сте ги користеле. Според тие информации, најдобро ќе знаете кои апликации треба да ги намалите во текот на денот.