Навивачите на Реал побараа оставки од Перез и Солари

Навивачите на Реал побараа оставки од Перез и Солари

Шпанскиот великан, Реал Мадрид доживеа тежок пораз од Ајакс на „Сантијаго Бернабеу“, пораз од 4-1 што значеше елиминација од Лигата на шампионите.

Ова дефинитивно ја прели чашата кај навивачите кои во претходната седмица беа сведоци како големиот ривал Барселона им задава два удари и тоа среде Мадрид, прво во Копа Дел Реј, а потоа во Примера.

Токму овие три неупеси донесоа огромно незадоволство, па голем број од навивачите побараа оставки, заминување од претседателот Флорентино Перез, тренерот Сантијаго Солари, но и на дел од играчите како Бензема, Бејл, Крос…