Научниците велат дека направиле реален приказ на светот, а мапата со која пораснавме не ереална

Научниците велат дека направиле реален приказ на светот, а мапата со која пораснавме не  ереална

Повеќето географски мапи кои сме ги виделе се засновани на Маркаторова проекција – дури и “Google Maps” до неодамна ги користел варијантите на оваа проекција која била изработена пред речиси 550 години.

Сепак, таа е изнанадувачки лоша во точното прикажуваање на вистинските големини на многу држави, пишува “IFLScience”.

Британскиот научник Нил Кеј, кој инаку проучува климатски податоци, направил визуализација на картата која се менува меѓу Маркаторовата проекција и реалните проекции на државите во однос на другите држави, а потоа во октомври 2018. година картографите објавиле проекција на мапата “Икварт Ерт” со надеж дека ќе ги надминат сите проблеми со кои се среќаваат поради бројните проекции на светот.

ГИФ-от елегантно покажува како Меркаторовата проекција ја искривува вистинската големина на многу држави, посебно на оние кои се подалеку од екваторот, пишува “IFLScience”.

Погледнете како Русија, Кина и Гренланд значително ја менуваат големината. Европа, делови од Азија и Америка исто така значително се намалуваат. Меркаторовата проекција го прикажува Гренланд како копнена маса поголема од Африка, иако во реалноста Африка е 14 пати поголема од Гренланд.

Како резултат од сите овие недостатоци, некои училишта во Бостон дури и се одлучиле да се откажат од картата во корист на алтернативната Гал-Петерсова светска карта. Меѓутоа, ни таа проекција не е совршена. Додека ги задржува точните подрачни пресметки на копнената маса, го искривува нејзиниот облик.

Во октомври 2018. година, картографите објавиле проекција на мапата “Икварт Ерт” со надеж дека ќе ги надминат сите проблеми со кои се среќаваат поради бројните проекции на светот.