Натпреварот помеѓу Голден Стејт Вориорс со Оклахома Сити Тандер заврши 111:107

Натпреварот помеѓу Голден Стејт Вориорс со Оклахома Сити Тандер заврши 111:107

Голден Стејт Вориорс во интересен натпревар на гости против тимот на Оклахома Сити Тандер победи со резултат од 111:107.

Кевин Дурант со 34 поени успеа да го потопи својот поранешен тим, а имаше помош од својот соиграч Клеј Томпсон кој додаде 20 поени.

Во поразените Оклахома најдобар играч беше Расел Вестбрук кој одигра маестрална партија со постигнати 44 поени, 16 скокови и 6 асистенции. Сепак виновни за поразот на Оклахома се неефикасноста на Пол Џорџ и Кармело Ентони кои заедно имаа учинок од 9 погодени шутеви од вкупно 35 упатени од поле.