Наташа Беквалац била удрена со отворена и затворена рака, одбраната на Лазукиќ се обидува да ги попречи наодите!

Наташа Беквалац била удрена со отворена и затворена рака, одбраната на Лазукиќ се обидува да ги попречи наодите!

Во Првиот основен суд во Белград денес продолжи судењето на Лука Лазукиќ за семејното насилство над неговата се’ уште законска сопруга Наташа Беквалац. Меѓутоа, за време на сослушувањето, процесот беше прекинат поради „зовриени страсти“ во судницата, тврди судскиот вештак Милош Јанчиќ.

На рочиштето присуствуваше само обвинетиот Лазукиќ, бидејќи поп-пејачката не морала да доаѓа. По излегување од судницата, по обичај, Лазукиќ не сакаше да даде изјава за медиумите, но затоа Јанчиќ детално опиша што се случувало внатре.

„Претресот е прекинат поради зовриени страсти! Јас бев сослушан од страна на стручниот советник ангажиран од одбраната, во обид да се оспори основниот наод во кој се објективизирани повредите што ги претрпе Наташа Беквалац. Се оспорува документацијата дека лекарите од Ургентиот центар не се потпишале, дека самите извештаи не се доволно валидни, дека специјализанти го потпишале извештајот, а не специјалисти, дури и дека извештаите се фалсификувани, што не е вистина бидејќи се’ беше направено како што треба“, тврди Јаничиќ и додава дека судот бара уште докази.