Натали Портман со улога во научнофантастичен филм “Annihilation”

Враќајки се на своите актерски почетоци оскаровката Натали Портман ќе ја видиме во новиот филм “Annihilation”, во режија на Алекс Гарланд.

Филмот е снимен според книгата на Џеф Вандер Мир и истата го сочинува првиот дел од трилогијата “Southern Reach”.

Судејќи според првиот трејлер, филмот носи возбудлива приказна за биологот Лена која се пријавува како учесник на едно опасно и тајно истражување на изолирана регија X, каде погинале 11 истражувачи. Покрај неа, во новиот тим на истражувачи се пријавуваат и еден антрополог, психолог и геодет.

Како и претходното ремек-дело на Гарланд – “Ex Machina”, “Annihilation” е научнофантастичен филм кој може да се спореди со филмовите “Her”, “Gravity”, “Inception” и “Arrival”. Филмот ќе содржи фантастични специјални ефекти кои ќе пробаат да ги доловат вонземските светови и мистериозните шуми на регијата X.

Портман се појавува во улога на главната протагонистка Лена, а покрај неа, во филмот ќе се појават и Џенифер Џејсон Ли, Џина Родригез, Теса Томпсон, Тува Новотни и Оскар Исак.

Филмот ќе пристигне во февруари 2018 година низ кино-салите ширум светот.