Настапите на Погба во Јунајтед се далеку од лоши како што луѓето кажуваат

Настапите на Погба во Јунајтед се далеку од лоши како што луѓето кажуваат

Уго Лорис упати зборови со кои му даде поддршка на фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

Погба е константно мета на критики поради неговите настапи во дресот на Црвените ѓаволи, но Лорис смета дека играчот од средниот ред игра сосема солидно по неговиот трансфер од Јувентус.

Тој има одреден статус во Англија, можеби поради неговата висока трансфер оштета. Понекогаш луѓето не му судат фер. Сега е многу позрел и знае што треба да направи, тој тоа го докажува кога е со нас.

Мислам дека неговите настапи во Јунајтед се далеку од толку лоши како што луѓето кажуваат. Тој е дел од тим кој има полоши резултати од тоа што се очекуваше, тоа е сигурно, но и покрај тоа тие се многу силен тим – коментираше Лорис.