Наскоро пристигнува најмоќниот телефон на HTC

Наскоро пристигнува најмоќниот телефон на HTC

Благодарение на „протекувањето“ на информации на Твитер, веќе јавноста дозна одредени детали околу новиот паметен телефон на HTC, наречен U12.

Токму овој телефон ќе го најави враќањето на оваа компанија на системот со две задни камери кој што HTC го напушти во 2015-та година.

U12 на HTC се развива под кодното име “Imagine”, а според протечените информации, ќе има 5,99-инчен QHD+ екран, Qualcomm Snapdragon 845 процесор, 6 GB RAM и дури 256 GB интерна меморија. Исто така, ќе биде опремен со прилично добра батерија со капацитет од 3,420 mAh.

На задната страна ќе бидат сместени две камери, една од 12, а друга од 16 мегапиксели. За производството на двете камери се задолжени од Sony. Предната камера ќе биде од 8 мегапиксели, а телефонот ќе го задоволува IP68 стандардот, односно ќе биде отпорен на вода.

Уредот ќе го користи оперативниот систем Android 80 Oreo, како и Sense 10 софтверот, како и Edge Sense 2.0 и Face Unlock технологијата за отклучување на телефонот со препознавање на лице.

Пристигнувањето на новиот HTC U2 на пазарот се очекува во април, а во понудата ќе има Single и Dual SIM верзии.