Наскоро летното сметање на времето

Наскоро летното сметање на времето

Во последниот викенд во март 2018-та година, ноќта во 2 часот меѓу 24 и 25-ти март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот , ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, додека на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европските земји веќе се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.