Напредува опоравувањето на Михаел Шумахер!

Напредува опоравувањето на Михаел Шумахер!

Пред неколку недели се појави вест дека Михаел Шумахер е во Шпанија и дека таму се опоравува по тешките повреди на главата што ги доживеа пред пет години на скијање во Франција.

Новите информации велат дека е во Мајорка каде неговото семејство има вила. Соседите, наводно, го виделе на балкон како ужива во сонцето, а таму го прославил и својот роденден. За жал, никој од нив нема фотографија, па не може да се потврди дека информациите се точни.

Германскиот весник Бунте пренесува дека медицински сестри кои престојуваат во неговата куќа носат хируршки маски.