НАПРЕД, БЕЗ ДА СЕ ЗАБОРАВИ / 15. АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ 2020 ПРОДОЛЖУВА ВО ПРИЛЕП

НАПРЕД, БЕЗ ДА СЕ ЗАБОРАВИ / 15. АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ 2020 ПРОДОЛЖУВА ВО ПРИЛЕП

Со изработка на мурал на фасадата на хотелот „Скопје” спроти Меморијален музеј „11 Октомври 1941“  во центарот на Прилеп, на улица „Илинденска“ б.б, продолжува програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат(ФР~У).

Автор на муралот е Ристо Аврамовски во соработка со  Владимир Милиќ, Филип Јовановски и Ненад Тонкин и е во продукција на ФР~У во соработка со
ЦСЛУ(Центар за современи ликовни уметности) и Јавен Простор – Прилеп.
Претходните пет мурали беа изведени на јавни институции, јавни простори, центри за култура со цел да се истакне солидарноста и соработката со јавните институции од културата и да се прати порака за заедништво во секоја локална
средина поединечно. Муралот во Прилеп насловен „Напред, без да се заборави” кој повторно реферира на „Песна за солидарноста” од Бертолт Брехт, симболично е поставен во близина на локација која е важна за антифашистичката борба, а тоа е објектот на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ .