Направете деток на вашата кожа во пет едноставни чекори

Направете деток на вашата кожа во пет едноставни чекори

Доколку силните сончеви зраци оставиле некои несовршености на вашето лице или сте имале неколку бурни вечерни излегувања кои резултирале со суво и тмурно лице, веројатно ви е потребна поголема нега и детоксикација во неколку чекори.

Истото важи и доколку сте внеле многу шеќери или кофеин бидејќи овие работи не ѝ се пријатели на вашата кожа.

Затоа, ви предлагаме мал детоксикациски програм во пет чекори по кој вашата кожа ќе блеска.

1. Основна нега

Доколку сакате трајна промена на кожата, мора да се држите до неколку основни правила и да имате постојана рутина. Тоа подразбира заштита на кожата во текот на денот и нејзина нега во текот на ноќта.

Користете креми за лице кои содржат антиоксиданси и фактори кои ќе ја заштитат вашата кожа од УВ зрачењето, а навечер нанесувајте препарати кои ќе го хидрираат лицето и ќе го направат да изгледа здраво и блескаво.

2. Почестете се со парен третман

Парниот третман ќе му помогне на лицето да се ослободи од сите нечистотии. Десетминутното парење на лицето ќе овозможи вашите серуми, маски или масла за лице подобро да се апсорбираат во кожата. Овој третман можете да го направите и сами со помош на сад со топла вода и крпа, а другата опција е посета на козметички салон.

3. Длабински исчистете ги порите

Лошата исхрана, недостатокот на сон, алкохолот, шеќерот, стресот … Сето тоа остава трага на вашата кожа. Затоа е важно длабински да ги исчистите порите, а на пазарот постојат разни маски кои ќе ви помогнат во тоа.

4. Дозволете ѝ на кожата да дише

Вашата кожа треба да дише, а доколку сте во можност, овозможете ѝ барем еден или два дена без тешка шминка која ги затвора порите. Со тоа вашата кожа ќе биде опуштена и ќе може да дише.

5. Хидрирајте се!

Иако ова правило најчесто се повторува кога станува збор за кожата, тоа често останува занемарено. Хидратацијата е многу важна, а доколку вашата кожа е затегната или ве чеша, тоа можат да бидат знаци на дехидрација па затоа посегнете по голема чаша вода.