Направена е чоколадна статуа со ликот на Кристијано Роналдо

Направена е чоколадна статуа со ликот на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо за својот 35-ти роденден го доби најслаткиот подарок од сонародникот Жорж Кардозо.

Португалскиот уметник направи статуа на Роналдо од чоколадо. Жорж го направи чоколадниот Роналдо во природна големина и за слатката скулптура висока 187 сантиметри, потроши 120 килограми чоколада.

Кардозо скулптурата ја направи во швајцарската фабрика Скуад.