Наполи бара 150 милиони фунти за Кулибали!

Наполи бара 150 милиони фунти за Кулибали!

Јавна тајна е дека Манчестер Јунајтед сериозно се интересира за услугите на фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали.

Ѓаволите со сигурност ќе ја зацврстат дефанзивата во летниот преоден рок, а како приоритетно име се издвојува токму Кулибали.

Сепак, Аурелио Де Лаурентис не сака да го продава својот најдобар фудбалер, но ја одреди цената по која ќе го пушти Кулибали да замине на Олд Трафорд.

Де Лаурентис ќе се согласи за продажба на 27 годишниот стопер доколку на нивна адреса стигне понуда од 150 милиони фунти, сума која и тоа како е проблем и за најголемите фудбалски велесили.

Токму затоа, од Манчестер Јунајтед вниманието ќе го насочат кон Тоби Алдервилд кој е пет пати поевтин од Кулибали и би пристигнал на Театарот на соништата за сума од само 30 милиони фунти.