Наоми Осака ќе потпише ексклузивен договор со „Адидас“

Наоми Осака ќе потпише ексклузивен договор со „Адидас“

Деби гренд слем титулата на  20-годишната Јапонка, Наоми Осака сега добро ќе „искешира“, откако јапонските медиуми велат дека „Адидас“ со неа ќе го склучи најбогатиот договор за една спортистка.

Осака, која веќе има договор со „Адидас“, наводно ќе заработува 8.5 милиони долари годишно од германскиот производител на спортска опрема, кој сака да ја искористи нејзината слава во Јапонија. Со овој договор, Осака дури може да ја помине Серена на уште едно место – на годишната листа на заработувачка на магазинот „Форбс“.

Досега најбогатиот договор за спонзорство во женскиот тенис (и во женскиот спорт) беше тој на Марија Шарапова, која во 2010 потпиша 10-годишен договор со „Најк“ вреден 70 милиони долари.