Наоми Кемпбел изјави – Ми се допаѓа атмосферата во Србија

Наоми Кемпбел изјави – Ми се допаѓа атмосферата во Србија

Познатата манекенка Наоми Кемпбел овој викенд дојде на кратка посета во Белград.

А како веќе некое време ја следи познатата пејачка Јелена Карлеуша, многу се прашуваа дали овие две ѕвезди и официјално ќе се запознаат.

До средбата сепак не дошло, но Наоми во медиумите откри што мисли за ЈК.

Ја видов Јелена на Инстаграм и многу ми се допаѓа. Мислам дека е преубава. Посебно ми се допаѓа нејзиниот стил, но до сега немав можност да ја запознаам – изјави таа во медиумите.

Познатата манекенка меѓутоа предизвика лава од негативни коментари кога непосредно пред доаѓањето во Белград на Инстаграм напиша – Одам некаде и брзо си доаѓам назад, што многу го протолкуваа како да не знае каде патува. Таа ги демантираше овие тврдења, откривајќи дека веќе неколку пати била во Белград бидејќи таму има пријатели.

Секако дека сум слушнала за Србија. Повеќе пати сум доаѓала во Белград, но ова е моето прво официјално доаѓање. Имам неколку пријатели во Белград и сметам дека се весели и енергични луѓе. Многу ми се допаѓа атмосферата во Србија – изјави таа за крај.