Наоми Кембел е модна икона на годината!

Наоми Кембел е модна икона на годината!

Со одлука на модните дизајнери на Америка, наградата за модна икона на 2018 година и припадна на славната манекенка Наоми Кембел, за големата улога во историјата на светската мода.

Советот на модни дизајнери на Америка најави дека „црната панерка“ ќе ја прими наградата “Fashion Icon 2018” на свечена церемонија на 4 април, кога ќе бидат доделени наградите на најдобрите американски модни дизајнери.

„Чест ми е што во мене препознаа овогодишна “Fashion Icon”. пораснав во модната индустрија и неизмерно сум благодарна на американските модни дизајнери кои ме поддржуваа да истраам“, вели Кембел.