Намирници треба да ги консумирате за да имате атрактивен бронзен тен

Намирници треба да ги консумирате за да имате атрактивен бронзен тен

Посакувате убав, бронзен тен за време на летните месеци? Само додадете ги овие состојки во вашето дневно мени.

Морков

Морковот е есенцијален зеленчук ако сакате рамномерен и убав тен. Морковот е одличен извор на бета-каротен, а со неговата редовна консумација не само што ќе го зајакнете имунитетот, ќе го зачувате здравиот вид и забите, туку и долго време ќе го задржите потемнетиот тен.

Праска

Овој сочен плод е корисен за доброто здравје и убавата кожа. Праските во својот состав содржат голема количина на витамини и минерали, а од нив се издвојува бета-каротенот. Праските ја штитат кожата, ги спречуваат изгорениците од сонце и придонесуваат за рамномерна боја на кожата. Освен тоа, ова овошје е одговорно за производство на меланин кој позитивно влијае на бојата на кожата.

Брокула

Брокулата е извор на вредни нутритивни својства. Таа во својот состав содржи природни антиоксиданси и витамини А, Е, Ц и Б. Редовната консумација на брокула помага во заштита на кожата пред и за време на сончањето. Освен тоа, зелените “цветови” имаат лековити својства: го намалуваат црвенилото добиено како резултат од сончањето.

Диња

Ако сонувате да имате убав тен, дињата секако вреди да ја вклучите во исхраната. Таа содржи големи количини на витамин Б1, Б2, Ц, ПП, железо и бета-каротен. Дињата ја зајакнува бојата на кожата, а препорачаната дневна доза изнесува 300 грама.

Домат

Доматите извршуваат неколку функции: ја штитат кожата од сончевите зраци и помагаат во добивање на убава боја на кожата. Овој зеленчук содржи минерали, витамини од групата Б и ликопен кој е ефикасно средство за спречување на рак на кожата. Малата чаша сок од домати помага во заштита на кожата од УВ зраците.