Намирници кои го намалуваат апетитот

Намирници кои го намалуваат апетитот

Дали сакате да го намалите апетитот?

Најново истражување покажало дека повеќе од десетина вообичаени производи достапни во секоја продавница можат да ви помогнат во борбата против гладот ​​и желбата за слатки.

Јајца – наместо тесто за појадок одберете јајце. Бројни студии покажале дека протеините од јајцето имаат корисен ефект врз шеќерот во крвта и ја спречуваат желбата за слатки.

Круши – Ова овошје е богато со растителни влакна, што значи дека е здраво, но дава и долготрајно чувство на ситост.

Цимет – Една студија покажала дека една четвртина од лажичка цимет може да го намали нивото на шеќер во крвта, како и холестеролот. Започнете кафето и чајот да ги пиете со цимет.

Јаболков оцет – Тоа е одличен производ кој дава чувство на ситост. Наутро, во чаша млака вода ставете една лажица оцет и така започнете го денот.

Мешунки – Малкумина слушнале за холецистокинин, но тој е еден од најдобрите пријатели во борбата против вишокот тежина.Овој хормон природно го намалува апетитот, а научниците велат дека мешунките се богати со овој хормон. Исто така, постојат докази дека мешунките го одржуваат нивото на шеќер во рамнотежа, што значи дека се одржува чувството на ситост.