Наместо ташна моделите си ги носеле сопствените глави на ревијата на Gucci!

Наместо ташна моделите си ги носеле сопствените глави на ревијата на Gucci!

Наместо класична писта,вчеравечер во Милано се одржала најчудната ревија на модната куќа Gucci каде моделите шетале во болничка сала, а носеле интересни “модни додатоци”. 

Креативниот директор на брендот, Алесандро Мишел, одлучил на моделите наместо торбички, да им даде реплика од нивните глави кои тие ги носеле во своите раце на пистата.

На ревијата можеле да се видат и други необични акцесоари, вклучувајќи змејови кои изгледале многу реално и заштитниот знак на брендот – змии, а детаљот кој никој не можел да го пропушти биле плетените Кабуки маски кои некои модели ги носеле преку лицето.

Модата паднала во втор план, а се чини дека дизајнерите во последно време се натпреваруваат кој ќе приреди што поголем спектакл и кој повеќе ќе ја збуни публиката.

Со тоа, на ревијата на модната куќа Moschino, сите модели ја отелотвориле Џеки О, додека Calvin Klein ја украсил својата писта во Њујорк со пуканки.