Највлијателните луѓе во светот се собраа на „Time 100 Gala“

Највлијателните луѓе во светот се собраа на „Time 100 Gala“

Малку откако списанието „Time“ го објави годинешниов рејтинг на највлијателните луѓе во светот, дел од нив се собраа на традиционалната гала вечер, за да го прослават своето присуство во престижната листа.

Настанот се одржа синоќа во Њујорк и меѓу славните личности се издвоија Никол Кидман и Кит Урбан, Емили Блант и Џон Кразински, Мили Боби Браун, Грета Гервиг, Миа Фароу, Линдзи Вон, Кеша итн.

Присуствуваа и многу студенти, научници, бизнисмени, спортисти, политичари, кои исто така најдоа место во одделните категории на рангирањето.

Ѕвезда на вечерта сепак стана Џенифер Лопез која беше на чело во категоријата за „икони“. Освен дека дојде со импресивна тоалета на црвениот тепих, придружена од партнерот Алекс Родригез, мајка и сестра и, таа ги забавуваше гостите со настапи во живо, за кои смени уште неколку фустани и имаше подготвено интересна кореографија.