Најубавите манекенки на светот прошетаа на пистата во последната колекција на Карл Лагерфелд

Најубавите манекенки на светот прошетаа на пистата во последната колекција на Карл Лагерфелд

Смртта на Карл Лагерфелд, кој почина на 85 години на 19 февруари беше голема загуба за модниот свет.

Музата на Шанел, Кара Делавињ, Пенелопе Круз и Каја Гербер прошетаа на пистата и ја претставија последната колекција на починатиот дизајнер во Париз.

Кара ја отвори ревијата и изгледаше совршено во црно-бел комбинезон и каиш. Рацете ги постави како да се моли пред да започне да танцува на пистата во знак на сеќавање на нејзиниот починат пријател. Тогаш започна да го теши моделот кој плачеше покрај неа за време на ревијата.

Глумицата Пенелопе Круз носеше бело здолниште кое одлично се совпадна со горниот бел топ. Носеше и бела ружа во сеќавање на Карл.

Каја носеше краток мини фустан со топ со цветен дезен и крзнено здолниште. Изгледаше преубаво, а на пистата прошета со насмевка на лицето аплаудирајќи му на дизајнерот.

Глумицата Кристен Стјуарт не беше фотографирана на пистата, но привлече големо внимание во едноделниот комплет со логото на Шанел. Носеше Мери Џејн чевли и црвени наочари за сонце.

Од гостите било побарано да не се носат штикли поради снегот со кој беше покриена пистата во чест на Лагерфелд кој беше роден во Хамбург, во околината на Салцбург. Одржано беше и едноминутно молчење за починатиот дизајнер кога сите модели излегле на пистата и стоеле мирно. На ревијата присуствуваа бројни славни имиња од светот на модата како Наоми Кемпбел и Клаудија Шифер, а покрај нив била и Моника Белучи и Марион Котијар.