Најтоплата планета досега е Kelt-9b на која се топи железо и титаниум

Најтоплата планета досега е Kelt-9b на која се топи железо и титаниум

Научниците од универзитетите во Берн и Женева ја открија најтоплата планета на чија површина температурите надминуваат 4.327 Целзиусови степени.

Во атмосферата на Kelt-9b се пронајдени железо и титаниум, што зборува за топлината која испарува од оваа планета.

Kelt-9b е голема колку три планети со големината на Јупитер, но нејзината вкупна маса е двојно помала, што им овозможува на тешките метали да испаруваат. Планетата станува потопла од некои ѕвезди.

Топлината ја предизвикува ѕвездата Kelt, на која температурите се близу 10.000 степени, а оваа голема планета е 30 пати поблиску до Kelt-9b отколку што Земјата е близу до Сонцето.

Планетата кружи 36 часа околу ѕвездата, за разлика од Земјата, која кружи околу сонцето само 24 часа. Kelt-9b е оддалечена 650 светлосни години од Земјата, а се наоѓа во соѕвездието Лебед.

Во Сончевиот систем најтопла планета е Венера, чија температура достигнува до 462 Целзиусови степени.