Најновите модели на iPhone со имаат вртоглаво високи цени во Европа

Најновите модели на iPhone со имаат вртоглаво високи цени во Европа

Паметните телефони на Apple никогаш не биле ефтини, а сега изгледа дека Пандорината кутија повторно е отворена бидејќи новите iPhone XS, XS Max ќе бидат уште поскапи и тоа драстично.

Цените на новите уреди во Европа ќе бидат многу повисоки за разлика од цените во Америка.

iPhone XS во Германија ќе чини 1.149 евра (64 GB), 1.319 евра (256 GB), 1.549 евра (512 GB), додека iPhone XS Max ќе биде уште поскап, односно 1.249 евра (64 GB), 1.419 евра (256 GB), 1.686 евра (512 GB).

Веројатно ќе постојат одредени разлики во цените во другите европски земји во зависност од висината на данокот, но јасно е дека новите паметни телефони на Apple ќе чинат многу повеќе во Европа отколку во САД.

Порталот Mashable дури пресметал дека е поефтино да се отпатува од Будимпешта до Њу Џерзи и таму да се купи телефонот отколку да го платите во Унгарија.