Најновиот модел на патики на Гучи, модна катастрофа или иден тренд?!

Најновиот модел на патики на Гучи, модна катастрофа или иден тренд?!

Моментален тренд на патики се гломазни модели, како што се Balenciaga Triple S, додека другите во своите гардеробери додале патики направени од текстил, како NIke Flyknit или скапоцените Yeezy модели, а патиките Gucci SEGA дефинитивно не припаѓаат во оваа група.

Тие се погломазни од било кој до сега, а комплетирани се со каиш кој е декориран со накит, патики кои дефинитивно пренесуваат едно друго поразлично ниво.

Новата спортско – луксузна вибрација е исклучително силна, бидејќи овие патики комбинираат кожа, плиш и мрежести материјали. Ѓонот им е дебел и гломазен, а логото на Гучи може да се забележи на јазикот на патиката, но веројатно ќе остане незабележан покрај сите украсни детали кои патиката ги има на себе.

Gucci Sega патиките се достапни во шест бои, кои се, благо кажано, ужасни. Овие патики се толку тренди, што е фрустрирачки. Дефинитивно очекуваме многу повеќе од модните брендови како Гучи, секако не очекуваме само да ги ископираат трендовите.

Покрај тоа, Баленсиага е одговорна за новата популарност на некои модели од деведестите, така што сите брендови кои ги креираат своите варијации делуваат како да немаат никаква креативност.

На крајот, мораме да напоменеме дека патиките на Гучи за кои зборуваме чинат 1,400 долари. Пред да ги потрошите парите, добро размислете за нив. Во спротивно можете брзо да ги продадете преку Ebay или други онлајн страни за продажба.