Најлуксузните вили на Јадранот

Најлуксузните вили на Јадранот

Дубровник или пак Сплит се местата кои се најбарани во Европа, кога станува збор за Јадранот. Кога станува збор за луксузните вили на Јадранот, нив најмногу ги има во Дубровник, Хвар или Истра.

Погледнете неколку од нив каде што гостува елитата од Европа.

Вила Грандиоса, Хвар, 2500 евра од ден.

Вилата е сместена 100 метри од плажата со спектакуларен поглед кон Паклените острови. Доколку ја изнајмите оваа вила добивате масажа, приватен брод и слично.

 

Вила Доминела, Чиово, 850 евра од ден.

Модерна вила во која може да се сместат 12 лица кои ќе добијат прекрасен поглед кон Сплит.

 

Вила Мартинис Марчи, Шолта, 3290 евра од ден.

Вила која порано била дворец и датира од далечната 1706 година. Нешто посебно.

Вила Меје, Сплит, 780 евра од ден.

Изградена во традиционален далматински стил со прекрасен поглед кон морето.

 

Вила Шехерезада, Дубровник, 7000 евра од ден.

Една од најскапите вили на Јадранот. Опкружена со природа и зеленило, а доле ве чека приватната плажа.

Вила Медитеран, Корчула, 1600 евра од ден.

Вила која се наоѓа на површина од 20.000 м2 со прекрасен базен.