Најдобри несекојдневни места за кампување во Европа

Најдобри несекојдневни места за кампување во Европа

Camping.info е страница како Airbnb, во која наместо луксузни хотели и станови, можете да најдете кампови, повеќе или помалку луксузни.

Процесот на наоѓање е ист како и на другите страни за сместување, освен што е базиран на кампување. По изборот на земјата во која сакате да кампувате, ќе ви биде претставен список на кампови со сите потребни информации.

Каде се наоѓаат, како да стигнете до нив, која им е цената, итн. Можете да изберете места што се блиску до поголемите градови или целосно изолирани кампови без телевизија, интернет и други луѓе.

Монс Клинт, Данска

Монс Клинт се наоѓа на источниот брег на данскиот остров Ман, на Балтичкото Море. Местото е опкружено со шуми, пасишта, езера и стрмни ридови кои создаваат прекрасен пејзаж.

d’Olde камп, Холандија

Кампот Д’Олде се наоѓа во длабоката шума во Холандија. Овој шумски камп нуди избор на кампување на отворено поле или повеќе приватни имоти.

Ова место е одлично за децата и нивниот развој и едукација, бидејќи ќе имаат можност да ја запознаат природата, животните и на крај, да добијат диплома за придонес кон природата.

5 sovrseni mesta za kampuvanje vo Evropa 03

Camping de la Cascade, Белгија

Овој мал камп се наоѓа на реката Амблеве што тече меѓу врвовите на Ардените. Тука камперите можат да пливаат, пешачат, да возат велосипеди или кану. Исто така, во близина се наоѓаат водопади кои потсетуваат на сцени од бајките.

5 sovrseni mesta za kampuvanje vo Evropa 04

Рафтинг Камп Дивља Ријека, Босна и Херцеговина

Овој камп се наоѓа до границата со Црна Гора. Ако сакате вистинска авантура, тргнете на рафтинг на реката Тара. Покрај тоа, местото е одлично за релаксирање и уживање во природните убавини на Тара и Дрина.

5 sovrseni mesta za kampuvanje vo Evropa 05

Camping Lindenhof, Берн, Швајцарија

Линденхоф се наоѓа на езерото Биел. Од тука можете да го посетите и швајцарскиот Голем Кањон (Creux du Van). Камповите посветуваат големо внимание на екологијата, а греењето во овие кампови е соларно.

5 sovrseni mesta za kampuvanje vo Evropa 06