Најбогатиот фудбалер во светот се пресели во шпанската Примера!

Младиот и досега анонимен Фаик Болкиах е најбогат фудбалер во светот, а ваквиот епитет младата ѕвезда на Лестер ја доби благодарение на своите најблиски, односно поради тоа што е внук на султанот од Брунеи чие богатство се проценува на повеќе од 20 милијарди евра.

Младиот Болкиах експресно стана хит во англиската спортска јавност, но сепак ако се гледа реално според стекнатото со сопствен труд, убедливо најбогат фудбалер во светот е Метју Фламини кој најголем дел од своето богатство има стекнато надвор од фудбалските терени. Поранешниот играч на Арсенал и Милан во 2008 година формираше компанија за производство на левулинска киселина (супстанца која може да се користи како замена за бензин), бизнис кој се покажа како неверојатна исплатлив бидејќи сега неговата фирма се проценува со нестварна сума на пари.

Според проценките, Фламини својата фирма во секое време може да ја продаде за 30 милијарди евра, а сега тој стана посебно актуелен во јавноста откако потпиша договор со клуб од шпанската Примера. Хетафе потврди дека ги договорил услугите на Фламини кој беше слободен агент, а чиј последен клуб беше Кристал Палас за кој играше минатата година.