Најавена втора сезона на „Емили во Париз“

Најавена втора сезона на „Емили во Париз“

Популарната серија  „Емили во Париз“, ќе има втора сезона.

Главната улога во серијата  ја игра Лили Колинс, Американка која се сели да работи во Париз и станува инфлуенсерка. Комичната драма се покажа голем хит за „Нетфликс“, и покрај негативните реакции од стручната критика, како и од Французите. Лили е ќерка на легендарниот британски музичар Фил Колинс.

Веста за втората сезона беше пренесена во вид на писмо, објавено од шефицата на Емили Купер.