Најавена е новата сезона на “Top Gear” во која гостува и Кен Блок

Најавена е новата сезона на “Top Gear” во која гостува и Кен Блок

По првите епизоди на новата сезона на шоуто “Grand Tour”, имаме прилика да ја погледнеме и најавата за следната сезона на автомобилскиот серијал “Top Gear” кој ќе се емитува на “BBC”.

Во првиот трејлер за наредната сезона се појавуваат добро познатите лица како водителите Мет Лебланк, Крис Харис и Рори Рид, но и Кен Блок кој е познат по видео серијалот на екстремно возење – “Gymkhana”.

Во трејлерот гледаме дел од сцената во кој Блок ги “брка” тројцата водители кои возат три моќни спортски автомобили, опремени со V8 мотори: Jaguar F-Type SVR, Shelby Mustang GT350 и McLaren 570S.

Харис вози McLaren од 570 коњски сили, Рид вози Jaguar со 582 коњски сили, додека Лебланк, како единствен американски водител на серијалот, се наоѓа во американски автомобил – Shelby Mustang со 533 коњски сили.

Трејлерот не го открива датумот на емитување на првата епизода од новиот серијал, но се претпоставува дека 25-та сезона ќе започне кон почетокот на 2018 година.