Надал се откажа од турнеата во Кина

Надал се откажа од турнеата во Кина

Рафаел Надал соопшти дека поради повреда на коленото нема да настапи на двата силни турнири во Кина следниот месец, па Новак Ѓоковиќ би можел многу наскоро да стане новиот број 1.

Откако го предаде полуфиналето на УС Опен против Хуан Мартин Дел Потро, Рафаел Надал денеска откри дека ќе направи пауза со цел да ја санира повредата на коленото.

Шпанецот нема да настапи на „Кина Опен“ во Пекинг, како и на АТП мастерсот во Шангај. Планот е тој да се врати на АТП мастерсот во Париз кој започнува кон крајот на октомври.

Поради тоа што ќе ја прескокне турнеата во Кина, Рафаел Надал ќе загуби 1.100 бодови и се отвара можност за Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ да се вратат на врвот на АТП листата.

Шансата е голема особено за Ноле, со оглед на тоа дека Србинот минатата година ги пропушти овие два турнири.