Надал по поразот од Ѓоковиќ се одлучи на голем чекор

Надал по поразот од Ѓоковиќ се одлучи на голем чекор

Рафаел Надал се одлучи да ја запроси својата долгогодишна девојка со кој е во врска 14 години, со мала криза во 2014 година кога се шпекулираше дека парот раскинал.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Надал се одлучил јавно да објави дека ќе се венча само после поразот на Австралија Опен од Новак Ѓоковиќ.

Неговата девојка цели 14 години ја чекаше одлуката на Надал да ја запроси, а според медиумите тој тоа го направил на многу романтичен начин на заедничко патување во мај минатата година кога таа го изговорила судбоносното „ДА“.

Надал чекаше се до поразот од Ѓоковиќ пред неколку денови за да јавно признае дека ќе се одржи и венчавка.