Надал го освои Рим и се врати на врвот на светската тениска листа

Надал го освои Рим и се врати на врвот на светската тениска листа

Рафаел Надал денеска се врати на врвот на светската тениска листа откако ја освои својата осма награда на турнирот Италијан Опен.

Вчера го победи Германецот Александар Зверев во Рим и по шести пат ја освои титулата прв светски рекет.

Надал следната недела во Париз ќе се обиде да освои уште еден трофеј, односно Отвореното првенство на Франција.

Во женската конкуренција во листата нема промени. Број еден останува Романката Симона Халеп, а зад неа е Каролина Вожнијацки.