Надал доцнеше на натпревар, го промашил терминот!

Надал доцнеше на натпревар, го промашил терминот!

Ретко видена ситуација се случи ноќеска на Мастерсот во Индијан Велс, а во центарот на вниманието беше вториот светски рекет Рафаел Надал.

PARIS, FRANCE – MAY 29: Rafael Nadal of Spain serves during his men’s singles first round match against Simone Bolelli of Italy during day 3 of the 2018 French Open at Roland Garros on May 29, 2018 in Paris, France. (Photo by Aurelien Meunier/Getty Images)

Шпанецот доцнеше на натпреварот противн Џеред Доналдсон, а поради тоа доцнеше и стартот на мечот што не е вообичаена практика. На крајот се појави и се извини, но предизвика и смеа кај присутните.

Извинете што доцнам, мислев дека играме во 20 часот, му рече Надал на Доналдсон, а овој искулирано му порача дека мечот нема да почне без него.

Сепак, шпанскиот тенисер немаше проблеми поради промената на тајмингот во својата глава, па со 6-1, 6-1 обезбеди пласман во следната фаза каде го чека Диего Шварцман.