Над 400 продадени станови за две години: Cushman & Wakefield / FORTON MKA број еден продажен партнер за инвеститорите

Над 400 продадени станови за две години: Cushman & Wakefield /  FORTON MKA број еден продажен партнер за инвеститорите

Наскоро се планира отворање на продажбата и на третатa од четирите згради, зграда Ц за која веќе постои одличен интерес.

(Скопје, 06.11.2019) –  Со просечно 17 продадени станови по месец само во последните две години во станбениот комплекс Cevahir Sky City, FORTON MKA цврсто останува број еден продажен партнер на инвеститорите.

Како премиум компанија за посредување и консалтинг и ексклузивен продажен агент на Cevahir Sky City, FORTON MKA успеа за кратко време да постави рекорди на пазарот на станбени недвижнини. Само во последните две години, продадени се 400 станови од страна на оваа компанија.

Постигнатите резултати, велат од FORTON MKA во добар дел се резултат на примена на најсовремени софтверски решенија и продажни техники за следење на потребите на потенцијалните купувачи како и професионалниот пристап на тимот што работи на проектот Cevahir Sky City..

Во кулите А и Б во кои има вкупно 668 станови, свој дом најдоа повеќе од 1700 луѓе. Во овие две згради преку 90% од апартманите добија свои сопственици, a просечната продажна цена за м2 станбен простор изнесува 1023 евра.

Наскоро се планира отворање на продажбaта и на третата од четирите згради, зграда Ц за која веќе постои одличен интерес. Нови дополнителни 334 стaнови од 50 до 162 м2 ќе им бидат достапни на потенцијалните купувачи.

Во зградите на комплексот станарите имаат базен, фитнес и велнес центар што дава посебен квалитет на секојдневното живеење.

Според продажната статистика, најбарани се становите помеѓу 50 и 70 м2 а особено повисоките катови што на станарите им нудат нескојдневен поглед на градот.