На кои стадиони не може да се снајде Џанлуиџи Буфон?

На кои стадиони не може да се снајде Џанлуиџи Буфон?

Најдобриот италијански голман Џанлуиџи Буфон и во 40-та година од својот живот брани без проблеми, па дури најавува дека ако се чувствува добро може да стои меѓу диреците уште една деценија.

Резултат со слика за буфон

Новиот член на француски ПСЖ, кој се прослави како голман на Парма и посебно во Јувентус ги откри трите стадионо каде му било најтешко да брани, од едноставна причина – не можел да се сконцентрира на мечот.

„Дефинитивно тоа е ‘Енфилд роуд’ во Ливерпул, на кој ми било многу тешко да се сконцентрирам на случувањата на теренот. Потоа стадионот на Ренџерс (‘Ајбројкс’ – н.з.) во Глазгов и стадионот на Фенербахче“, посочи Буфон.

Посочи и кои се незаборавни моменти во досегашната кариера, а финалето на СП во Германија во 2006 и светската титула е негов најдобар меч.

„Мечеви кои нема да ги заборавам? Дефинитивно е дебито за Парма против Милан, па освојувањето на Купот на УЕФА, Суперкупот, Купот на Италија со Парма. Со Јувентус, тоа е полуфиналето и победата над Реал Мадрид во 2003 година. А, најдобар меч? Дефинитивно финалето на СП. Секое финале е посебна емоција, ама кога нешто издвојувам тоа е мундијалското финале. Може само да претпоставите зошто“, додава Буфон.